Слатка одмазда – Тим му се реваншираше на бранителот на АТП финалниот турнир

Доминик Тим со 2-1 во сетови (7-6, 4-6, 6-3) го надигра актуелниот шампион на финалниот турнир на АТП, Стефанос Циципас, на стартот на новото издание на турнирот кој се одржува во Лондон.

Австриецот му се реваншираше на бранителот за поразот во ланското финале од овој турнир, отворајќи ја својата група со победа во која се наоѓаат Рафаел Надал и Андреј Рубљев.

https://twitter.com/atptour/status/1328019933008052225

Неизвесност имаше од самиот почеток на средбата, и двајцата тенисери освојуваа гемови при свои сервиси, во тајбрејкот Тим беше тој кој имаше повеќе желба за победа, па од 1-4 ја сврте на 7-5. Еден брејк на Циципас му беше доволен да израмни по два сета, но јасно беше дека по 4-1 во третиот сет, Гркот ќе го претрпи првиот пораз на стартот од турнирот.

Во 21 часот се игра вториот дуел од групата Б, меѓу фаворитот Надал против Рубљев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести