Фудбалот носи радост – Фарски Острови и Гибралтар со историски успех, Црна Гора се сели во повисок ранг

Фарски Острови и Гибралтар забележаа историски успех и за првпат се победници во група во кое било натпреварување под капата на УЕФА и ќе играат во Сегментот Ц во Лигата на нациите во следното издание.

Островјаните многу напредуваат во последно време, а го освоија првото место во првата група од Сегментот Д откако вечерва ремизираа 1:1 на гостинскии терен против Малта.

Ари Јонсон го постигна историскиот гол за израмнување во 70-тата минута, па Фараните без пораз на шест меча се први и се селат во Сегментот Ц.

Уште поголем подвиг приреди Гибралтар, најновата членка на УЕФА, со реми 1:1 вечерва против Лихтенштајн, што им беше доволно за да го освојат првото место и да се промовираат во нови членови на Сегментот Ц.

Убав успех забележаа и Црногорците со убедлива победа од 4:0 против Кипар во последниот меч од првата група во Сегментот Ц.

Со головите на Јоветиќ, два на Бољевиќ и еден на Мугоша го декласираа Кипар и го задржаа врвот пред Лускембург, што е доволно за промоција во Сегментот Б во Лигата на нациите.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести