Во Наполи нов случај на ковид-19, но нема да прави проблеми за дербито против Милан

Уште еден член на Наполи е позитивен на ковид-19, меѓутоа Елсеид Хисај моментално е со репрезентацијата на Албанија, па затоа нема да попречи да не се одигра дербито меѓу Наполи и Милан во претстојниот викенд.

Вчера се потврди позитивниот тест на албанскиот бек, па Хисај вечерва нема да настапи за својата селекција против Белорусија, додека ќе остане во самоизолација и ќе го пропушти гостувањето на Росонерите на „Сан Паоло“.

Од друга страна пак сите останати играчи, вклучувајќи го и Елиф Елмас, кој порано се врати во Неапол, ќе му бидат на располагање на Гатузо.

Дербито е закажано во недела, во кое Наполи ќе цели да му го нанесе првиот пораз на лидерот Милан, а евентуална победа може привремено да ги турне Наполитанците на врвот на табелата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести