Ибрахимовиќ: Не сум незадржлив, Синиша е појак од мене

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ со 39 години е прв стрелец во Серија А, лидер е на Милан, воодушевува како на таа возраст игра на топ ниво, но иако е познат како некој што сака да се фали, ретко знае и да признае дека состојбата е поинаква.

„Се разбира дека не сум незадржлив и дека не може да правам работи кои ги правев на 20 или 30 години. Искусен сум, знам што треба да направам во одредени моменти. Немам кондиција како некогаш, но не ја губам енергијата на работи кои не му се потребни во играта. Ми помагаат и соиграчите“ – рече Ибра на промоцијата на книгата „Игра на животот“ која е автобиографија на српскиот тренер Синиша Михајловиќ.

Златан после трите промашени пенали сезонава, потврди дека веќе нема да изведува удари од белата точка, а пред враќањето во Милан, беше блиску до договор со Болоња која ја води Михајловиќ.

„Разговарав со Синиша, тој направи сè за да ме донесе, но бев искрен, во таа фаза размислував дали да продолжам или да престанам со играње. За него би играл бесплатно, тој ми е пријател, идол. Потоа се појави Милан, добив желба да игра во Европа. Инаку, неверојатно е како се бори Синиша со проблемите. Тој е посилен од мене, ми даваше сила. Јас му бев поддршка во борбата, тој го знае тоа“ – додава Ибрахимовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести