Доминик Тим е првиот финалист на завршниот Мастерс турнир во Лондон, откако со 2:1 во сетови славеше над Новак Ѓоковиќ. Мечот траеше речиси три часа и беше неверојатно драматичен, а на крајот Тим се радуваше на победата.
Во решавачкиот трети сет се играше тај-брејк, а Ѓоковиќ имаше предност од 4:0. Сепак наместо лесно да стигне до седмиот побендички поен, се случи чудо. Тим освои шест поени во низа и на крајот со 7:5 го доби тај-брејкот а со тоа се пласираше и во финалето. Србинот по мечот едноставно не можеше да верува што му се случи.
„Неверојатно е тоа што го направив по водството од 4:0 во тај-брејкот. Не мислам дека играв лошо. Мислам дека имав добар прв сервис, но Доминик жестоко ги напаѓаше сите топки. Го контролирав мечот и кога поведов со 4:0 помислив дека сум блиску до победата, но Доминик ми го одзема триумфот. Беше храбар и функционираше многу добро“, вели Ѓоковиќ, кој не можеше да се сети на некој пораз на сличен начин.
„Не знам дали некогаш ми се случило нешто вакво. Некогаш едноставно ќе ги затвориш очите и ќе одиграш со цела сила. Му честитам на храброста на Тим. Ги удираше топките со цела сила и сите беа прецизни. Тоа што успеа да се врати по негатива од 0:4 е голем подвиг и јас му симнувам капа и му честитам“, завршува Ѓоковиќ по неверојатното полуфинале во Лондон.
Kako moze da bide 7-5 a se igra taj brek..logichno e 7-6..
тај-брејкот се игра минимум до 7 освоени поени и Тим го доби тај-брејкот со 7:5 во поени, а логично чим стигнале до тај-брејк на крај да биде 7:6 во гејмови