Битка да се освои пехарот што не беше доделен лани – Прволигашко четвртфинале во македонскиот Куп

Денеска од 13 часот почниува разврската и завршницата во националнито Куп на Македонија со четвртфиналните дуели, а двојна програма ќе има во Струмица.

Лани не се одигра финалето, па трката за пехарот кој не беше доделен ќе биде интересна. Дербито ќе се игра во Кратово, каде што двете екипи што го освојувале трофејот, Силекс и Шкендија ќе играат меѓу себе за полуфинале.

Во Струмица се надеваат на двоен полуфиналист, а Беласица и Академија Пандев сепак се аутсајдери против Македонија Ѓорче Петров, односно против Шкупи.

Се игра само еден меч, па денеска ќе бидат познати сите полуфиналисти. Интересен меч ќе има и во Струга, каде што домаќините Струга Трим Лум повторно ќе ѝ бидат домаќини на Ренова.

Викендов стружани во прволигашки меч ги победија Гипсарите и предизвикаа смена на кормилото на Ренова, а си замина тренерот Бујар Ислами.

Двојки, четвртфинале, 13 часот:

Беласица – Македонија Ѓ.П., Академија Пандев – Шкупи, Силекс – Шкендија, Струга Трим Лум – Ренова.

 

- Оглас -

Најнови вести