Ибрахимовиќ: Ќе играм до 50 години, а и тогаш ќе бидам најдобар шведски фудбалер!

Златан Ибрахимовиќ по 12-ти пат беше избран за најдобар шведски фудбалер, а по тој повод даде интервју за шведски медиум, во кое изјави дека планира да игра до 50-годишна возраст, а најавува дека и тогаш ќе биде најдобар играч во својата земја.

„На 39 години ја земам наградава, а ќе се обидам да ја освојам и на 50 години. Обично велат дека фановите се 12-ти играч. Ова е моја 12-та Златна топка во Шведска и затоа им ја посветувам за навивачите. Штета што нема публика на трибините, жално е да се гледаат празни стадиони. Не можам да ја завршам кариерата пред празни трибини“, изјави Златан.

Напаѓачот на Милан е во одлична форма, прв стрелец е во Серија А, а наградата за играч на годината во Шведска ја доби за првпат по повлекувањето од националниот тим во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести