Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе е позитивен на ковид-19, а тој самиот го потврди ова преку социјалните мрежи.
„За жал, позитивен! Сега малку одмор и да се надеваме дека сè ќе биде во ред“, напиша популарниот Иџе на својот фејсбук-профил.
Стефановски изминатиот викенд во Имола ги заврши настапите во оваа 2020 година.