Томпсон и дефинитивно ја пропушта целата сезона 2020/21

Можеби најмалерозниот кошаркар во НБА-лигата, Клеј Томпсон, ќе ја пропушти и претстојната сезона по новата тешка повреда.

Од таборот на Голден стејт вориорс потврдија дека вчера Томпсон беше под нож откако ја оштети Ахиловата тетива за време на тренинг, на помалку од еден месец од стартот на претсезоната во НБА.

Рехабилитацијата ќе трае со месеци, па Стеф Кари нема да смета на „сплеш“ братот со кого доминираше до неодамна освојувајќи три титули.

Томпсон и минатата сезона не се појави на терените поради оштетување на вкрстените лигаменти на коленото, повреда која исто така се санираше со хируршки зафат. Таа повреда ја здоби во шестиот меч од финалната серија во сезоната 2018/19 против Торонто репторс.

 

- Оглас -

Најнови вести