Михајловиќ не крие: Го сонував дури и сопствениот погреб

Синиша Михајловиќ е голем борец, ја победи леукемијата и сè уште е врвен тренер во Серија А, како кормилар на Болоња, а во интервју за „Скај спортс“ вели дека дури и го сонувал својот погреб.

„Животот е непоценлив, тоа е најголемата вредност и фантастично е да успеете да продолжите да живеете со моменти какви што ги имав јас. Честопати плачев и не ми е срам да го кажам тоа. Јас сум двапати роден. Првиот пат во 1969 година и сега половина век подоцна“, изјави тренерот на Болоња.

Од минатата година Михајловиќ се бори со леукемијата и, за среќа, успеа да ја победи тешката болест и да продолжи да си ја извршува својата работа како тренер на Болоња.

„Никогаш не се откажав од битката за живот. Иако неколкупати дури и го сонував мојот погреб. Сега имам проблем и со напади на паника, но сега знам да се справам со тоа. Мора да бидете ментално силни за да продолжите да живеете со болест каква што успеав да победам. Имав и голема поддршка од најблиските, од пријателите, од познати и непознати луѓе и на сите им благодарам“, вели Михајловиќ.

По успешната фудбалска кариера проткаена со многу трофеи, Михајловиќ во 2008 година ја почна и тренерската одисеја токму како тренер на Болоња во 2008 година, каде што се врати лани, точно 10 години по заминувањето од истиот клуб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести