На натпреварот од полската Екстракласа помеѓу Пјаст и Заглебје кој заврши 1-1, домашните дадоа гол кој од голманот на Заглебје, Јакуб Швјерцок, направи ѕвезда на социјалните мрежи.
Фудбалерот на Пјаст, Доминик Хадун, забележа дека Швјерцок излезен многу напред, и со шут од речиси половина терен прецизно го лобуваше за водство од 1-0. Гостите брзо се опоравија од шокот и израмнија на 1-1 во 14-та минута, но голот на Пјаст вреди да се види.
https://twitter.com/i/status/1335598703143481345