За Вардар 1961, сепак годината не е завршена, за две недели гостување кај Сегед

Екипата на Вардар 1961, сепак ќе одигра еден натпревар од ракометната Лига на шампиони до крајот на оваа 2020 година. После одложувањето на дуелите со Порто и ПСЖ, се чинеше дека календарската година за вардарци е завршена, но Европската федерација ЕХФ, им закажа нив термин за гостувањето кај унгарски ПИК Сегед, а тоа е 22 декември, во 20.45 часот.

Ова е натпревар од третото коло. ЕХФ заедно со клубовите го договори терминот за одигрување на средбата што првично беше одложена поради карантинот на домашната екипа. Деновиве и ракометарите на Вардар 1961 би требало да почнат со редовно тренирање откако ќе заврши задолжителниот карантин и ќе бидат извршени потребните тестирања.

Двете екипи, и Вардар 1961 и ПИК Сегед имаат одиграно по пет натпревари од групната фаза. Вардар 1961 има еден бод повеќе од унгарскиот тим, кој освои само два бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести