Навивачите на Челзи се подготвуваат големо сеирчење на сметка на Кепа Аризабалага во пресрет на дуелот против Краснодар во последното коло од групите во ЛШ.
Сините по вторпат во три дена ќе в гостат 2.000 навивачи на „Стемфорд бриџ“, а дел од нив имаат специјални маски со разочараниот лик на шпанскиот голман. Иницијативата е покрената со слоган „Носете Кепа-маски, ништо нема да фатите“, алудирајќи на слабите партии на Кепа поради што го загуби местото во екипата и е на излезна врата.
„Додека клубот спроведува функционален протокол за заштита од ковид-19, ние ви препорачуваме да носите Кепа-маскасо гаранција дека нема да се заразите. Кепа е пример како се одржува дистанца меѓу него и шутевите упатени кон неговиот гол“, стои на фан-страната на Челзи.