Капитенот на Наполи го истетовира ликот на Марадона на ногата (видео)

Диего Марадона од овој свет замина како идол на многу фудбалери, но и други спортисти и обични фанови на фудбалот. Меѓу нив е и капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, кој реши на посебен начин уште еднаш да му оддаде чест на аргентинскиот великан кој почина пред десетина дена.

Инсиње го стави ликот на Марадона на бутот од левата нога, токму во дресот на Наполи. Марадона е клупска икона која од Наполи направи двократен италијански шампион во 1987 и 1990 година, а го одведе тимот и до трофеј во тогашиот Куп на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести