По повеќечасовен состанок меѓу Александар Ѓорѓевиќ и управата на Виртус Болоња, одлуката за отказ на српскиот стратег е повлечена, па Ѓорѓевиќ ќе остане на клупата.
Иако преку соопштение пред два дена беше објавено дека италијанскиот клуб ја прекина соработката со Ѓорѓевиќ, страстите се смирија на двете страни, по што соработката ќе продолжи. Наместо санкцијата за дивеењето на терен да биде отказ, сега е претворена во финансиска казна.
Виртус со Ѓорѓевиќ на клупата има перфектен учинок од 7-0 во групната фаза од Еврокупот, кој ќе треба вечерва да се сочува на гостувањето кај Монако, додека во шампионатот на Италија екипата се наоѓа на четвртото место по 10 натпревари со скор 5-4.