Поради инцидентот со четвртиот судија, дуелот ПСЖ и Истанбул Башакшехир вчера се прекина само по 14 минути и се презакажа за доигрување денес во 18:55 часот.
Од редовите на Башакшехир се убедени дека четвртиот судија упатил навреди на расна основа до еден од тренерите, Пјер Вебо, по што гостите го напуштија теренот и не излегоа од соблекувалната да ја доиграат средбата, а поддршка добија и од фудбалерите на ПСЖ.
Имено, еден италијански новинар, Алесандро Алчијато, тврди дека играчите на Башакшехир по наредна на претседателот Ердоган не се вратиле на теренот за да ја доиграат средбата.
„Играч на Башакшехир му пријде на член на ПСЖ и му кажа дека Ергодан им наредил да не се враќаат на теренот“, објави Алчијато на „Твитер“. Инаку, првиот човек на Турција уште вчера реагираше околу инцидентот, упати остра критика за расистичкото однесување кон тренерот Вебо.
Un giocatore del Basaksehir è andato dai calciatori del Psg e ha detto: Erdogan ci ha ordinato di non rientrare in campo. La partita, dopo la sospensione per la frase razzista del quarto uomo, non è ripresa per quello. Riprende oggi alle 18.55. #UCL #PSGIBFK
— Alessandro Alciato (@AAlciato) December 9, 2020