Се налути и претседателот на Турција: Ердоган со остра реакција поради расистичките навреди

Инцидентот и прекинатиот натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир го испровоцира и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се огласи со своја реакција на социјалните мрежи.

„Остро го осудувам расистичкото однесување кон нашиот тренер Пјер Вебо. Верувам дека УЕФА ќе ги преземе сите неопходни чекори. Ги осудувам расизмот и дискриминацијата како во спортот така и во сите сфери на живеењето“, стои во постот на фејсбук-профилот на турскиот преотседател  Реџеп Таип Ердоган.

Првиот човек на Турција е докажан како еден од најверните навивачи на актуелниот фудбалски првак на земјата. Тој има дрес од Башакшехир, а знаел и да облече дрес и копачки за да заигра фудбал во боите на неговиот омилен тим.

Мечот на „Паркот на Принцовите“ беше прекинат во 14-тата минута, а инцидентот може да го видите ТУКА.

Според најавите, средбата треба да се доигра утре, со почеток во 18:55 часот.

- Оглас -

Најнови вести