Прекин во Париз: Играчите на Башакшехир го напуштија теренот!

Дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир е прекинат! Мечот кој требаше да биде еден од помирните, е прекинат само по 14 минути игра, а причината е неверојатна.

Додека на теренот беше мирно, на клупата на гостинскиот тим, црвен картон доби Демба Ба поради недолично однесување. Потоа се случи метеж, а гостинските фудбалери го обвинија четвртиот судија дека ги навредил на расна основа.

Поради тоа што четвртиот судија не сакаше да се повлече од теренот како што бараа гостите, фудбалерите на Башакшехир го напуштија теренот и засега не се знае дали мечот ќе се доигра.

 

- Оглас -

Најнови вести