Кевин Лав ќе игра кошарка дури по Нова година

Кливленд кавалирс нема да смета на услугите на Кевин Лав најмалку до Нова година. Ѕвездата на „коњаницата“ уште во октомври го повреди прстот на ногата, по што му беше направена операција на почетокот на овој месец. Целосно закпренување се очекува дури во јануари, па Кливленд ќе мора да се снаоѓа уште некое време без најзвучното име во франшизата.

„Не можам да кажам колку точно ќе ми биде потребно да закрепнам, но мислам дека ќе заиграм повторно по Новата година. Во процесот на закрепнување често користам чизма за фиксирање на ногата“, истакна Лав.

Крилниот центар сезонава настапи само на четири натпревари, во кои имаше просек од 19 поени, а без Лав, актуелниот вицешампион забележа само две победи на 15 меча досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести