Најдобрите 11-мина на сите времиња: Пеле, Марадона, Меси, Роналдо…

Реномираниот „Франс фудбал“ ги објави најдобрите 11-мина фудбалери на сите времиња според позиција. Во изборот за дрим-тимот се најдоа вкупно 115-мина фудбалери, додека 140 новинари го дадоа својот глас за најдобриот голман, лев и десен бек, централен дефанзивец, двајца последни играчи за врска, двајца крилни офанзивни играчи за врска и тројца напаѓачи.

Во формација 3-4-3, на голманската позиција е легендарниот руски Лав Јашин, а пред него се Малдини, Бекенбауер и Кафу. Средината ја сочинуваат четворица витруози и вистински мајстори во занаетот, Пеле, неодамна починатиот Диего Марадона, Чави Ернандес и Лотар Матеус.

Нападот не можеше да не биде составен од играчите со најмногу Златни топки во историјата, Лионел Меси (6) и Кристијано Роналдо (5), додека како централен шпиц е Роналдо Назарио.

Голман: Лав Јашин.

Одбрана: Кафу, Франц Бекенбауер и Паоло Малдини и Франц Бекенбауер.

Средина: Пеле, Диего Армандо Марадона, Чави Ернандес и Лотар Матеус.

Напад:

Одбраните 11-мина заслужено се најдоа на листата иако изборот е тежок бидејќи има фудбалери кои исто така заслужуваат да се најдат во дрим-тимот, како: Зинедин Зидан, Серхио Рамос, Роналдињо Гаучо, Јохан Кројф, Maрко Ван Бастен како трикратен освојувач на Златната топка, но и уште многу други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести