Капитенот на Аталанта најави заминување, позната и новата дестинација?

Еден од најдобрите играчи на Аталанта, капитенот Алехандро Гомес, најави заминување во јануарскиот преоден рок откако врската со тренерот Гасперини стигна до степен да е непоравлива. Миленикот на навивачите на Божицата преку „Инстаграм“ се огласи дека вистината ќе се дознае откако ќе си замине од Бергамо, каде што игра изминативе пет години.

Како што известуваат италијанските медиуми, Гомес и Гасперини се скарале по дуелот против Митјиланд во Лигата на шампионите претходно во ноември,и оттогаш ситуацијата само се влошувала. Така ќе ѝ дојде крајот на една од најубавите фудбалски приказни бидејќи Гомес од љубов кон клубот, одби богатство за да се пресели во Саудиска Арабија.

Во меѓувреме, 32-годишниот офанзивец не губи време и веќе се подготвува за трансфер, по шпекулациите дека би можело да заврши во МЛС-лигата, во тимот на Синсинати. Доколку си замине на почетокот од 2021 година, Аталанта ќе биде значително ослабена во осминафиналниот двомеч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести