Роберт Левандовски ја доби наградата од ФИФА за најдобар фудбалер во 2020 година, по што се открија гласовите околу изборот.
Претходно дознавме како гласале селекторот Игор Ангеловски и капитенот на Македонија, Горан Пандев, а сега се обелоденија и изборите на Роналдо и Меси, вториот и третиот најдобар фудбалер за оваа година според добиените гласови.
Имено, Роналдо пет бода му даде на Левандовски, три на Меси и еден бод на Мбапе, додека Аргентинецот изненади со својот избор.
Меси потполно го игнорираше Кристијано, па му даде пет бода на Нејмар, три на Мбапе и еден бод на Левандовски.