Мурињо тргна кон соблекувална, па се врати да види како Варди испишува историја (Видео)

Финишот на првото полувреме на мечот помеѓу Тотенхем и Лестер донесе една интересна ситуација. Менаџерот на домашните, Жозе Мурињо, како по навика, пред да завршат првите 45 минути тргна кон соблекувална, но во меѓувреме се досуди пенал за Лестер и Португалецот се врати да ѕирне што ќе се случи додека судијата Крег Посон на монитор проверуваше дали Орие направил пенал врз Фофана.

Пенал имаше, Џејми Варди го реализираше за 1-0. Тој гол на искусниот Варди е историски, бидејќи најдобриот играч на Лисиците стана првиот фудбалер во Премиерлигата кој постигнал гол против некој тим на три различни гостински стадиони. Варди има гол против Тотенхем на „Вајт Харт Лејн“, на „Вембли“ и сега на новиот „Тотенхем хотспур стејдиум“.

Тотенхем за првпат сезонава губи по првото полувреме, па останува да се види како ќе реагираат и дали ќе избегнат пораз.

Целата ситуација може да ја видите тука.

- Оглас -

Најнови вести