Актуелниот турски шампион Истанбул Башакшехир претрпе тежок пораз во градското дерби против Фенербахче со 1-4, а десниот бек Рафаел со исклучувањето воопшто не им ги олесни работите на гостите.
Поранешниот член на Манчестер јунајтед со остар лизгачки старт се обиде да спречи контранапад на Фенер и го стори тоа без да направи прекршок, иако противничкиот играч падна на тревата. Реакцијата на домашниот фудбалер беше поради контактот со Шкртел, меѓутоа судијата одлучи дека стартот на Рафаел е ризичен и му покажа жолт картон на Бразилецот, а потоа и втор, односно црвен картон за приговор.
Рафаел му се закани на судијата пред да го напушти теренот, а при негатива од 2-1, Башакшехир остана без уште еден играч на теренот само четири минути подоцна. Кавечи исто така беше исклучен за неспортско однесување, по што Фенербахче ја искористи ситуацијата и оствари убедлива победа.