Киран Трипие, десниот бек на Атлетико Мадрид и член на англиската репрезентација, доби суспензија од 10 недели и 70.000 фунти поради прекршување на правилата околу обложување на Англиската асоцијација за фудбал.
Бекот во летото 2019 година кога го напушти Тотенхем и потпиша за Јорганџиите, прекршил дури седум правила според обвинувањата, кои Трипие сите ги отфрли, меѓутоа беше прогласен за виновен според четири точки.
Атлетико во меѓувреме најави дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозано и воедно не планира да го отстрани Трипие од екипата.
Инаку, Трипие сезонава е незаменлив во составот на Диего Симеоне, ги одигра сите натпревари досега во Ла Лига, но оваа казна доколку не биде тргната, може да го спречи Англичанецот да игра во осминафиналниот двомеч против Челзи во Лигата на шампионите.