Бразилскиот клуб Сантош објави соопштение во кое го негира фактот дека Лионел Меси од Барселона го урнал рекордот на легендарниот Пеле по број на голови на еден играч за ист клуб.
Како што е познато, Меси за Барса има дадено 644 гола (се сметаат и головите на пријателски мечеви), и цел свет го призна како светски рекорд, надминувајќи ги оние 643 погодоци на Пеле во дресот на Сантош. Сега од клубот од Сао Пауло тврдат дека според нивните податоци, Пеле за нив не постигнал 643 гола, туку дури 1.091.
„Некој се обидува да игнорира 448 голови кои биле постигнати против големи клубови. Пеле има 9 гола против Америка и Коло Коло, 8 гола против Интер кој во 60-тите беше еден од најсилните во Европа, а листата е долга, тој давал голови и против Ривер, Бока, Расинг, Универзидад де Чиле, Реал Мадрид, Јувентус, Лацио, Наполи, Бенфика и Андерлехт. Пеле има дадено и четири гола на четири меча против Барселона за која сега игра Меси. Некои аналитичари велат дека многу од тие 448 голови биле на пријателски мечви против слаби противници, но и тие средби се играле според официјални правила на фудбалска игра и биле регистрирани. И за пријателски мечеви ви треба одобрување од регионалната и националната федерација. Гол против Еибар има иста статистичка вредност како тој против Валенсија, гол против суринамски Трансвал вреди како и против Реал во Мадрид“ – објаснуваат од Сантош.