Далас маверикс одигра феноменален меч против Лос Анџелес клиперс и победи со 124:73, а разликата од 50 поени по првото полувреме што заврши со резултат 77:27 е најголема во историјата на НБА-лигата во првите 24 минути.
Маверикс имаа шанса да го бркаат и апсолутниот рекорд на Кливленд и победата од 68 поени разлика во 1991/92, што е рекордна разлика на меч во најсилната лига на светот, но стандардно одиграа со резерви во поголемито дел од второто полувреме.
Предводени од Лука Дончиќ, кој постигна 24 поени, гостите ја завршија комплетно работата во првото полувреме што го одиграа фантастично и буквално го понижија ривалот во Западната конференција.
Џош Ричардсон постигна 21 поен, а Хардавеј застана на 18. Интересно е тоа што Клиперс во најлошото прво полувреме во историјата на НБА имаше само четворица кошаркари кои постигнаа поени.
На крајот само Пол Џорџ со 15 поени, Серж Ибака со 13 и Ивица Зубац со 10 успеаја да ја минат двоцифрената граница.
Најубедливата победа во историјата на најсилната лига сè уште ја има Кливленд, екипа што го надигра Мајами во сезоната 1991/92 со 148:80.