ПСЖ трета ракометна сила во Европа, Веспрем и Манасков немоќни

ПСЖ е трета најдобра екипа во ракометната Лига на шампиони за сезоната 2019/20 откако Светците убедливо славеа во дуелот против Веспрем.

Тимот на Дејан Манасков немаше сили за да му парира на францускиот гигант, иако Веспрем тргна сосема солидно и држеше предност до половина од првото полувреме. Составот на Раул Гонзалез ја одржа предноста од три гола од првиот дел, па во финишот ја зголемија за конечни 31:25.

Манасков реализира само два погодоци, Лекаи со осум гола беше најефикасен од составот на поразените. Во отсуство на Никола Карабатиќ, Хансен се истакна како лидер на Светците со пет гола, но најефикасен беше Ремили со еден погодок повеќе.

Финалето меѓу Барселона и Кил е закажано во 20:30 часот, по кое ќе се знае наследникот на европскиот трон, каде што сè уште стои скопскиот Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести