Соучек ги здрма заспаните Карамели (видео)

Вест хем ја стартува Новата 2021 година со минимална победа од 0-1 на гости против Евертон. Чехот Томас Соучек ја репи прилично мирната пресметка на „Гудисон парк“ и го поправи впечатокот кој двете екипи го оставија во очајното прво полувреме.

Се чекаше дури до 86-тата минута за конечно да има промена во резултатот. Гостите притиснаа во вистински момент, Кресвел се обиде од далечина да се закани, но топката се одби во еден од дефанзивците на Евертон, по што Соучек беше прв до неа и ја смести во мрежата на домаќините.

За Евертон ова е петти овосезонски пораз, екипата на Анчелоти испушти да го одржи чекорот со водечкиот Ливерпул, па остана на четвртото место со 29 поени, додека Вест хем сега има 26 бода, исто колку и Астон вила, Челзи, Тотенхем, Манчестер сити и Саутхемптон.

- Оглас -

Најнови вести