Премиер лигата не памети ваков почеток на Нова година

Премиер лигата не памети ваков лош почеток на Нова година, а го приредија играчите на Евертон и на Вест Хем, кои одиграа приспивна фудбалска престава на „Гудисон парк“ во првиот меч во 2021 година во англиското првенство.

Заедно играчите на двете екипи имаа само еден директен удар во рамки на гол, а го упати Бразилецот Бернард во 44. минута, но и тој шут лесно го скроти Дарен Рендолф.

По првото полувреме двете екипи што се во топ-10 по ефикасност во досегашниот дел од сезоната го завршија без голови и без шанси за прв погодок во новата 2021 година, па им останува второто полувреме да го поправат впечатокот.

Вечерва во првиот ден од новата 2021 година се игра уште еден меч, на „Олд Трафорд“ каде од 21 часот Манчестер јунајтед ќе и биде домаќин на Астон Вила.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести