Еден во прво, еден во второ полувреме: Даци со партија на животот против Галатасарај (Видео)

Македонскиот интернационалец, 22-годишниот Ердон Даци, постигна два гола за Коњаспор против Галатасарај, и ова беа негови први погодоци сезонава во турската лига. По првото полувреме во Коња, резултатот беше 1-1, а некогашниот талент на Вардар погоди во 41-ва минута за 1-0. Судиите гледаа дали претходно имало офсајд, но голот сепак беше признат.

Галата изедначи во судиското продолжение кое се оддолжи бидејќи се загуби време при гледањето на снимката за голот на Даци кој не беше во офсајд, туку спорна е ситуацијата на асистентот на голот.

Само што почна второто полувреме, Даци уште еднаш ја затресе мрежата на истанбулскиот гигант.

Даци во минатата сезона даде еден гол на 23 меча, но овие голови во петтиот настап сезонава се позначајни бидејќи се против еден од трите најголеми клубови во Турција.

https://twitter.com/i/status/1346496989069012995

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести