Манчестер јунајтед дефинитивно се откажува од Пол Погба и покрај тоа што формата на Французинот значително се подобри напоредно со резултатите на екипата.
Рекордното засилување на Црвените ѓаволи е слободно да го напушти клубот за сума до 80 милиони евра, која во период на пандемија и криза се чини превисока.
Погба не планира да го продолжи договорот кој му важи до јуни 2022 година, па затоа трансфер надвор од Манчестер во овој или во летниот преоден рок е единствена опција за да се вратат барем дел од средствата кои беа потрошени за француската ѕвезда.
Прашањето е дали има гигант кој ќе издвои голема сума пари за услугите на Погба бидејќи интересот згасна во последно време. Јувентус има желба да го врати во Торино, но буџетот на Бјанконерите не го дозволува тоа, додека поврзаноста со ПСЖ „олади“ откако дојде тренерот Покетино.