Пјонтек пред трансфер на кариерата?

Полскиот напаѓач Кжиштоф Пјонтек (25), кој во моментов настапува за берлинска Херта во Бундеслигата, може да направи уште еден голем трансфер, можеби најголем во кариерата, бидејќи за него се интересира Јувентус.

Пјонтек откако се прослави со 19 голови на 21 меч во Џенова, во 2019 година за 35 милиони евра прејде во Милан, се очекува таму да експлодира и да се покаже како еден од најдобрите голгетери на светот, но очекувањата не се исполнија, тој таму не се снајде, па замина во Херта, што е чекор назад за него, а и во Берлин не дава голови (9 гола на 30 настапи) колку што се надеваа во клубот кога платија 27 милиони евра.

Сепак, можеби нема уште долго да биде во Германија, туку ќе се врати во Италија и тоа не било каде, туку во најтрофејниот клуб. Засега од Старата дама нема понуда за Полјакот, но тој се наоѓа на нивната кратка листа на кандидати со кои би се засилиле во нападот и би му донеле конкуренција на Алваро Мората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести