Следењето на големото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, ќе биде многу поинтересно ако се уплати тикет со една од многуте игри на Специјалниот сингл на Sport Life. Може да се обложите кој ќе биде стрелец на првиот гол, кога ќе падне првиот гол, колку корнери ќе има, а секако тука се и стандардните игри кои ги има во огромен број.
Коефициентот за Мохамед Салах да биде стрелец на првиот гол е 3.80, за Садио Мане е 5.50, но последните неколку меѓусебни дуели на овие ривали најавуваат голема неизвесност по ова прашање. На последното дерби кое Црвените го добија со 2-0, стрелци беа Ван Дајк и Салах. Холанѓанецот ќе го нема денеска. Пред тоа, кога одиграа 1-1, погодија Рашфорд и Лалана, а во победата на Ливерпул од пред две сезони од 3-1, Шаќири беше двоен стрелец, Мане даде еден гол, а за Јунајтед стрелец беше Лингард.
Можеби овојпат редот да даде свој дебитантски гол му дојде на Бруно Фернандеш кој е изведувач и на пеналите за Манчестер, квотата дека тој прв ќе даде гол е 6.50, а дека Бруно ќе даде гол било кога во текот на средбата е 2.80.
Интересно е што иако ова се лути ривали и притисокот и адреналинот се на високо ниво, на последните меѓусебни дуели немало исклучување, а и жолтите картони биле од еден до четири, што е скромна бројка.
Може да се обложите и на тоа дали првата измена ќе ја направат домашните или гостите. Тука е и играта со бројот на корнерите, има неколку опции на располагање.
Едноставно, понудата на СПЕЦИЈАЛНИОТ СИНГЛ е одлична и треба да ја искористите.