Зошто голманот на Еибар го шутираше пеналот и дали тоа значи дека и Тер Штеген е следен изведувач кај Барселона?

Марко Дмитровиќ, голманот на Еибар, е првиот чувар на мрежата што успеа да даде гол од пенал во шпанското првенство во последните 18 години. Од 2003 година и пеналот што го даде Начо Гонзалес од Лас Палмас, не е видено голман да му шутира пенал на друг голман во Примера дивисион.

За многумина беше изненадување дека Дмитровиќ ја презеде одговорноста да го изведе ударот од белата точка за Еибар, но оние кои ги следат настапите на овој тим, тоа го знаеја уште пред мечот со Атлетико Мадрид. Српскиот интернационален чувар на мрежата најави дека тој ќе биде следниот изведувач на удар од белата точка, откако претходните два пенали ги промашија Експозито и Серхи Енрих.

Дмитровиќ сакаше да покаже дека и не е толку тешко да се погоди од пенал за да не можат искусни играчи да реализираат удар од 11 метри. Тоа што е уште поважно, Дмитровиќ погоди против Јан Облак, голманот кој има примено убедливо најмалку голови во Шпанија. Пеналот може да го видите ТУКА.

„Марко мораше да шутира затоа што останатите кои шутираа, промашуваа. Сега Дмитровиќ ќе ги шутира следните пенали, се додека не промаши. Тоа е законот на фудбалот. На тренинзите шутира одлично и сигурен сум дека ќе продолжи во исто темпо на следните мечеви“, откри тренерот на Еибар, Мендилибар.

Освен Еибар, проблеми со избедувањето на пенали имаат и во Барселона, а тоа се потврди и на синоќешниот меч од Купот против третолигашот Корнеља. Каталонскиот гигант синоќа не реализираше два пенали, односно ударите на Пјаниќ и Дембеле ги одбрани голманот на третолигашот.

Сезонава Барселона промашува многу пенали, па на листата на оние кои не реализирале се уште и: Меси, Гриезман, Де Јонг, Брајтвајт… Ако во Еибар голманот се реши да ја преземе одговорноста да шутира од белата точка, прашање е дали во некој од следните мечеви може да го очекуваме Марк-Андре тер Штеген да шутира пенал за Барселона бидејќи големите фудбалски ѕвезди се покажаа како несигурни реализатори на ударите од белата точка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести