Манчестер сити не дозволи шокантна елиминација во Фа Купот, иако до 81 минута премиерлигашот беше во негатива на гостувањето кај Челтенам. Екипата која се натпреварува во Лига Два (четврта лига во Англија), изненадувачки поведе со голот на Меј во 59 минута.
509 – Alfie May’s goal was the first Manchester City have conceded in 509 minutes of action, since Callum Hudson-Odoi’s strike for Chelsea at the start of the month. Dreamland. #CHEMCI pic.twitter.com/AXoK7mLEjR
— OptaJoe (@OptaJoe) January 23, 2021
Предноста на домаќините траеше до 81 минута кога Фил Фоден искористи едно невнимание на одбраната на Челтенам и израмни на 1:1. Тоа како да беше мотив за Граѓаните да протиснат уште посилно, па само 180 секунди подоцна се случи и целосен пресврт.
Габриел Жезус погоди во 84 минута за 2:1, а во судиското надополнување Феран Торес ги постави конечните 3:1 за Манчестер сити.