Вардар тргна победнички во првиот меч во новата година

Вардар конечно го одигра првиот меч по два месеци пауза, секако и прв во новата година, а тргна победнички со успех против Војводина во СЕХА лигата.

Црвено-црните славеа со 25:21 на меч во кој постојано водеа, освен на самиот старт. Војводина поведе со 1:0 и потоа сè беше во знакот на домаќинот и голем фаворит.

Вардар направи серија од 6:0 и потоа постојано одржуваше разлика, најчесто од пет гола. Токму толку беше на полувремето, што заврши со предност на скопјани од 15:10.

Во продолжението, Војводина на двапати стигна на минус три погодоци, но не успеа да ја загрози и првата победа на Вардар во првиот меч во 2021 година.

Најефикасни кај Вардар со по 4 гола беа Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски, а Вујин постигна 3. Голманот Борко Ристовски бранеше одлично и нанижа 10 интервенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести