Цезар ја најави, Маркос ја потврди победата на сината војска на Тухел (Видео)

Барнли кој пред десет дена сензационално победи на гостувањето кај Ливерпул, денеска беше целосно неутрализиран на гостувањето кај Челзи, па Сините дојдоа до триумф од 2-0, нивна прва победа под водство на новиот тренер Томас Тухел.

Првиот погодок за Челзи во ерата на Тухел го даде капитенот Сезар Аспиликуета, кој капитенски и во манир на врвен напаѓач ја заби топката во горниот агол на од голот на гостите.

Ова е голот на Аспиликуета:

https://twitter.com/i/status/1355859590018174976

И вториот гол беше дело на Шпанец, левиот бек Маркос Алонсо кој по подолго време (од септември) доби шанса да биде стартер, даде мајсторски гол со волеј, за запечатување на судбината на овој меч.

https://twitter.com/i/status/1355874970128314370

- Оглас -

Најнови вести