Женската репрезентација нема да оди на квалификациите во Рига!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија нема да патува за летонската престолнина Рига и нема да игра на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Евробаскетот 2021 година. Нашите кошаркарки требаше во Рига да ги одиграат последните два натпревари од квалификациите против селекциите на Летонија и на Хрватска, предвидени за 4, односно 6 февруари.

Причина за откажување на настапот на нашата селекција се два позитивни случаи на ковид-19, кои беа потврдени на задолжителното тестирање од корона-вирус направено во Охрид, непосредно пред тргнувањето за Рига.

Во целодневните консултации кои македонската федерација ги имаше со челниците на ФИБА констатирано е дека не постојат здравствени услови за оваа наша селекција да отпатува и да биде дел од „балонот“ во Рига.

„Со оглед на тоа дека биле во најблизок контакт со ‘позитивните’, во наредниот период останатите членови на нашиот национален тим, а по препорака на лекарските авторитети, ќе бидат во самоизолација, со што би се спречило ширење на заразата“, изјави генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести