Екипата на Вардар 1961 после пауза од речиси три месеци без натпревар во Лигата на шампионите, вечерва од 20.45 часот во „Драгао арената“ гостуваат кај Порто чиј голман е македонскиот Никола Митревски репрезентативен чувар на мрежата. За Црвено-црните ова е почеток на пеколниот февруари во кој Вардар 1961 ќе одигра дури седум меча од ЛШ.
Порто е фаворит на хартија според квотите во Sport Life, а првиот меѓусебен дуел на овие два тима сезонава во Скопје заврши 25-25. Во моментов, Порто има 6 бода од осум меча, додека двократниот европски првак е последен со три бода од само пет меча.
Тренерот Стевче Алушовски и Тимур Дибиров во своите изјави звучеа оптимисти настроени дека може да слават во Порто. Вардар еднаш има гостувано во Порто, лани во февруари и загуби со 22-30. Деби во Лигата на шампионите за Вардар ќе има левиот бек Васко Шеваљевиќ кој е со екипата и синоќа тренираа во салата во Порто.