Дибиров со слатко Порто очекува Вардар да тргне кон плејофот во Лигата на шампионите

Тимур Дибиров ќе биде еден од силните адути на Вардар на тешкото гостување кај Порто утре, од 20.45 часот, во меч од Лигата на шампионите.

Португалците рапидно напредуваат во ракометот, потврда за тоа е и Порто, но и репрезентацијата на Португалија, која играше топ-ракомет на Мундијалот во Египет.

„Го гледавме настапот на Португалија на Мундијалот. Играа многу убав ракомет, а речиси целата репрезентација е од Порто, што потврдува колку ќе биде тешко ова гостување. Одлично се покриени на сите позиции, особено добро играат дома. Но, ако Вардар сака да напредува на табелата во Лигата на шампионите, мора да почнеме да победуваме“, вели Дибиров.

Досегашниот биланс на двете екипи е израмнет. Ривалството во Лигата на шампионите почна со победа на Вардар од 32:27 во 2019 година, а лани Порто се реваншира со триумф од 30:22 на домашен терен и потоа успеа да ремизира во Скопје, 25:25.

Четвртиот меч на двете екипи во ЛШ ќе се игра утре, од 20.45 часот, во Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести