Баерн Минхен го дозна противникот во полуфиналето од Светското клупско првенство (видео)

Ал-Ахли со минимални 1-0 славеше против домаќинот на турнирот, катарскиот клуб Ал-Духаил, за пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство кое се одржува во Катар.

Африканскиот првак ќе му биде противник на актуелниот владетел со Стариот Континент, Баерн Минхен, а тој дуел ќе се одигра на 8 февруари.

Ел Шахат беше човекот кој ја реши четвртфиналната средба со одличен погодок од далечина во 30-тата минута. Тимот на Ал-Ахли успеа и вторпат да ја затресе мрежата на Муса, меѓутоа реализацијата на Бвалја не се важеше поради офсајд позиција.

Еден ден пред дуелот Баерн Минхен – Ал-Ахли, односно на 7 февруари, силите во првото полуфинале ќе ги одмерат Тигрес и Палмеирас. Наследникот на Ливерпул на светскиот трон ќе се дознае на 11 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести