Погледнете како „интересно“ облечениот маж го прекина Суперболот (Фото+Видео)

На почетокот на последната четвртина од синоќешниот Супербол во НФЛ-лигата, на теренот влета еден маж кој на себе имаше „дрес“ на Витали Здоровецки, познатиот Јутјубер кој заедно со неговата девојка Кинси Волански влетуваа разголени на вакви големи спортски настани, а сега Витали, кому влезот на многу стадиони му е забранет, си има ангажирано други луѓе кои го прават тоа со негово име.

Обезбедувањето на стадионот во Тампа потфрли, иако трибините беа исполнети само со мал капацитет (поради епидемиолошките мерки, имаше 22.000 гледачи), се најде некој што ќе ја разбие монотонијата и ќе го прекине мечот со влетување на теренот. Се разбира, намерата не му беше да повреди некого, туку само да ја покаже пораката која ја носеше на предната страна од трикото и да го изрекламира Витали.

Егзибиционистот за малку ќе направеше „тачдаун“, но обезбедувањето го турна на земја токму пред зоната за поентирање. Погледнете и видео од настанот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести