Селекторот Тодоров стартува со „операцијата“ Перм

Машката сениорска репрезентација на Македонија од утре ги стартува мини-подготовките за февруарскиот ФИБА „прозорец“ и натпреварите на турнирот во Перм (Русија).

Првиот собир, селекторот Александар Тодоров го закажа од 13 часот, во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде што ќе се тренира сè до предвиденото заминување за Русија.

Во Скопје ќе бидат одработени вкупно пет тренинзи. Првите четири од 13 часот, додека оној последниот, во недела, на 14 февруари, ќе биде од 15 часот.

На 15 февруари, во раните утрински часови, со специјален чартер-лет кој го обезбеди нашата Федерација е планирано тргнувањето за Перм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести