Заврши истрагата околу смртта на Коби, пилотот е виновен за трагедијата

По повеќе од една година од трагедијата во која животот го загуби НБА-легендата Коби Брајант, како и неговата ќерка Џиџи со уште седуммина патници, заврши истрагата околу хеликоптерската несреќа.

Во извештајот од повеќе од 600 страници е наведено дека главен виновник е пилотот Ара Зобајан, кој загубил ориентација непосредно пред падот на хеликоптерот. Нему му било забрането да полета, меѓутоа таа наредба ја игнорирал.

Хеликоптерот немал никакви механички проблеми, а ниту Зобајан бил под дејство на алкохол, но, сепак, бил дезориентиран во кобниот момент.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести