Кошмар за ПСЖ: Нејмар се повреди и е неизвесен за дуелот против Барселона

На пет дена до првиот осминафинален мегадуел во ЛШ меѓу ПСЖ и Барселона, Нејмар се здоби со повреда на бутниот мускул од левата нога, по што е неизвесно дали бразилската ѕвезда ќе игра против Каталонците.

Ризикот за Маурисио Покетино во куп-победата против Каен вчера не се исплати. Нејмар беше стартер за Светците и играше до 64-тата минута, пред да се здобие со повредата која веројатно го оддалечува од пресмеката против својот поранешен тим.

https://twitter.com/NaomaMeredith5/status/1359617947451408384

Останува да се потврди колку е сериозна повредата на најскапиот фудбалер во светот, кој и во минатото поради слични причини пропушташе важни дуели за ПСЖ во Лигата на шампионите.

Првиот меч меѓу францускиот првак и шпанскиот вицешампион е закажан на 16 февруари на „Камп ноу“, додека реваншот во Париз е предвиден за 10 март.

- Оглас -

Најнови вести