Ноќ за паметење: Блескави 50 на Мареј и Ембид, Јокиќ и Вучевиќ се балканско дуо за трипл-дабл (Видео)

Џамал Мареј и Џоел Ембид блескаа во ноќ за паметење во НБА лигата и на два различни натпревари постигнаа по 50 поени.

Со нив прекрасна вечер имаа и Никола Јокиќ и Никола Вучевиќ, балканско дуо што имаше трипл-дабл ефект, исто така на два различни натпревари.

Мареј одигра феноменален меч за Денвер нагетс против Кливленд и успеа да стаса до рекордот во кариерата кога се работи за регуларниот дел на сезоната. Мечот го заврши со 50 поени, а од 25 упатени удари од поле, погоди дури 21.

Денвер го победи Кливленд со 120:103 на гостински терен, а и соиграчот на Мареј, Никола Јокиќ блескаше со трипл-дабл од 16 поени, 12 скока и 10 асистенции. Центарот на Денвер има феноменална сезона и за првпат ќе биде стартер на Ол-стар мечот во НБА што ќе се игра на 7.март.

Веднаш по подвигот на Мареј, ист ефект во победата на Филаделфија против Чикаго булс со 112:105 имаше и Џоел Ембид. Центарот на 76-те одигра симултанка со 50 поени и 17 скока и беше најзаслужен за триумфот на Филаделфија.

Импрсивен меч за Орландо меџик одигра Никола Вучевиќ, а победата на својот тим против Голден стејт вориорс со 124:120 ја прослави со трипл-дабл од 30 поени 16 скока и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести