Страотна сообраќајна несреќа на екситалијански репрезентативец – Автомобилот е крш, фудбалерот преживеа (Фото)

Поранешниот италијански репрезентативец Андреа Косу е во стабилна состојба, иако има тешки повреди по страотната сообраќајна несреќа во близина на Калјари.

Косу, кој играше за клубот од Сардинија, излетал од својот автомобил од марката „Порше“ и има потрес на мозокот и повреди на градниот кош, но, за среќа, е во стабилна состојба.

Од засега необјаснети причини Косу, кој бил сам во автомобилот, загубил контрола и излетал од возачкото седиште, што можеби и му го спасило животот. Поршето потоа се лизгало на автопатот околу 300 метри и неколкупати и се превртело.

Италијанските медиуми објавија дека Косу веројатно ќе мине и без операција, но ќе мора да остане уште некој ден во болницата во Калјари.

Косу има два настапи за „Аѕурите“, а за Калјари играше во три наврати и во тој клуб и ја заврши кариерата пред три години. Беше член и на Верона и на неколку италијански нисколигаши.

 

- Оглас -

Најнови вести