Џабе земаше залет од 20 метри, сепак го утна пеналот (Видео)

Екипите на Атланта и Вилја Сан Карлос мораа во пенал-серија да одлучуваат кој ќе оди понатаму во Лига купот на Аргентина, а младиот 19-годишен фудбалер Гонзало Коронел иако беше трагичар со утнат шут од 11 метри, сепак денеска е ѕвезда во светот поради начинот на кој се подготвуваше да го изведе пеналот во третата серија.

Коронел, кој дебитираше во тимот на Атланта, зеде необично голем залет и ги шокира сите присутни. Трчаше кон 16-никот, можеби се замори, па потоа подзастана, се обиде со потскокнување во стилот на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед да го надмудри голманот Родриго Бенитес, но не успеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести