Пау се врати дома, потпиша за Барселона

Пау Гасол по две децении повторно ќе игра во дресот на Барселона, откако го официјализира својот ангажман со Каталонците кој ќе трае до крајот на сезоната.

Шпанската кошаркарска легенда на 40 години доаѓа во Барселона со цел да ја поврати формата по тешката повреда на стапалото, поради која една и пол година беше аут, а воедно да се подготви за претстојните Олимписки игри кои налето ќе се одржат во Токио.

„Пресреќен сум што се вратив дома, каде што ја почнав својата кариера. Сакам да ѝ помогнам на екипата со моето искуство во овој клучен момент од сезоната, додека во исто време ќе правам напор да ја повратам мојата форма“, истакна Гасол.

Гасол си замина од „Палау Блауграна“ во 2001 година, а по 18 сезони во НБА-лигата и две освоени шампионски титули, реши да се врати дома и да се обиде да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во својот кабинет, а тоа е титула во Евролигата.

https://twitter.com/paugasol/status/1364248862249152513

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести